Како се создал “Ројал бенд”?

Please follow and like us:
Pin Share

Првите почетоци на “Ројал бенд” ги отпочнаа само двајца членови за денеска после одреден период да се приклучат уште двајца и одлично се вклопат во заеднички состав. Неодамна момците од “Ројал бенд” реализираа нов музички видео проект во кој вметнати се неколку кавер песни, препознатливи од страна на публиката.

-Имавме мали измени ,претходните колеги се моментално во Австралија. Почетоците ни беа заедно со Роберт и успеавме да достигниме некој успех. Потрагата наредно беше Александар со кој брзо се снајдовме  а најнов член во групата ни е Илија. Засега функционираме супер, се сложуваме и на пријателски начин и на музички, истакнуваат од Ројал бенд.

Како што истакнуваат од бендот имаат нова песна која носи наслов “Денес сум многу кејфлија” за која најавуваат дека ќе снимаат и видео запис за оваа песна.

Please follow and like us:
Pin Share