Постојано е во работни обврски, настапи како во нашата земја така и надвор од неа. За Цаки –Кисми буквално нема застој. Буквално е баран насекаде најповеќе поради големите хит рефрени кои ги има зад себе но и нјдобрата забава која знае да ја направи. За него нема одмор или пак доколку го има е премногу краток.
-Има време за одмор. Ако сакаш да си најдеш ќе си најдеш. Јас обично, понеделник, вторник, среда, обично тие три дена ми се слободни и ги користам дома да полежам, наспијам убаво, погледам филмови и исклучувам и телефони и така се одмарам.
Околу тоа колку Цаки недостига дома со оглед на постојаните отсуства и патувања тој истакнува:
-Па, недостигам, но се навикнати, особено последниве 30 години. Така да навикнати се. Сега со интернетот лесно е, се гледаме на камера и не недостасуваме многу еден на друг, низ насмевка појаснува Цаки.
Во периодов кој следува Цаки има преполна работна агенда, како што вели не е ни застанат од секојдневните свирки и настапи. Најавува бројни гостувања ширум целата наша земја. Најповеќе од страна на публиката се прифатени во Охрид, а Цаки посебно го радува фактот што сеуште ги бараат неговите песни кои се снимени пред 20-тина години.
