Изминатиот период по враќањето на познатиот Ѓоко Јовиќ од турнејата во Австраија во јавноста излезе кавер песна каде Ѓоко ја пее во придружба со својата ќерка. Според тоа може лесно да се каже дека и таа веќе полека тргнува по стапките на тато, во музичките води. За тоа дали навистина е така го запрашавме Ѓоко кој одговара:
-Навистина не би можел да да кажам дали и ќерката би запливала во тие води, но нејзините амбиции, нејзнината волја по музиката е навистина огромна и го сака тоа. Никогаш не одам на тоа дека таа треба да биде пејач во животот. Си оставам на самото време да си покаже, но како што тргнала по тој пат мислам дека ќе биде позитивно, истакнува Ѓоко.
Ѓоко и “Енерџи бенд” неодамна престојуваа на турнеја во далечната Австралија каде направија незаборавни забави со нашите македонци во оваа земја. Инаку годинава Ѓоко ја отпочна со снимање на два нови видео записи во соработка со ИН продукција за песните “Стојне мома на чорбаџи Стојана” и наменската песна “За Велигден” која буквално допре до срцата на секој македонец особено оној кој е надвор од родната земја.
