Познатата естрадна пејачка во фолк музиката Тања Јовановска има нова песна која како што истакнува веќе е пуштена на Јутјуб каналот да се емитува и секако да ја почувствува реакцијата на публиката. Песната е ставена на овој канал во месец октомври минатата година и како што истакнува Тања тоа е направено симболично по повод 13 годишнината од бракот со нејзиниот сопруг Младен.

-Таа песна ја посветив на мојот сопруг, затоа што толку години работа и пеење, сватив дека за него немам отпеано ниедна песна и немам посветено ниту една песна. Тоа ми беше поклон за него и е многу убава песна, балада. Мислам дека си го пронајде своето место на свадбените свечености. Веќе ми кажуваат луѓе дека и кога некој сака да запроси девојка дека таа песна оди во позадина. Пред некое време направив кавер. Иако не сакам кавери но сопругот ме натера да го направам и тоа испадна многу добро. Следно, имам во план да правам уште еден, истакнува Тања.
Ако претходниот кавер кој го обработила Тања е од српското музичко поднебје за следниот кавер таа открива дека ќе биде од македонски изведувач но не сакаше да изнесе повеќе детали, само тоа дека се работи за многу познат македонски пејач и станува збор за машка песна. Поради фактот што Тања премногу ја сака таа песна, не го криеше и податокот дека песната ќе звучи убаво и во нејина изведба.
