Благојче Стојаноски Туше при гостувањето во ИН продукција имаше можност да ни одкрие повеќе околу неговите настапи за текот на оваа година.Летниот период планира да остане во Македонија каде ќе има неколку настапи, а по завршувањето на летната сезона во септември планира да оди на кратка турнеја во Австралија и се враќа назад каде што повторно околу крајот на октомври планира да замине во Австралија на еден месец каде ќе има бројни настапи како и неколку приватни забави. Благојче сеуште нема планови околу Новата година.
-Летото останувам тука, имам неколку настапи низ Македонија. Во септември заминувам на кратка турнеа во Австралија, октомври останувам тука а крајот на октомври заминувам на уште една австралиска турнеа каде ќе останам еден месец и ќе има бројни настапи и неколку приватни забави. Околу Новата година сеуште немам ништо договорено, но прикрај се договорите за Сиднеј и се надевам дека се ќе биде како што треба, истакнува Туше.
Благојче е доста баран од страна на македонската публика во Австралија. Како што изјави тој е роден во Австралија но е порастен во Македонија. Причината за неговите бројни настапи во таа далечна земја е благодарение на неговите пријатели што Благојче ги стекнал во тие шест години што ги поминал живееќу таму, како и неговите добри настапи и приватни забави што ги приложува за неговата публика.
-Како што повеќето од вашите гледачи и мојте фанови знаат јас сум роден во австралија а сум растен во македонија. После 2000 година живеев шест години во австралија, имав прилика да стекнам многу пријатели. Моите настапи во тоа време со групата Деспина во тоа време овозможија сега да биде вака. Тие сите настапи овозможија сеуште после моето преселување во македонија јас да сум сеуште баран во австралија за настапи како и приватни забави, истакнува Туше.
Во месец Мај,Туше повторно ќе лета за оваа далечна земја на само краток период од десетина дена.
