“Гушниго светот” е новиот проект кој го реализираа македонците Силвана и Тони и кој екслкузивно се емитуваше на ИН телевизија. Целта на овој проект е крстарење низ светот и ширење на македонската култура. Пред извесен период моторџиите Тони и Силвана стигнаа во Сиднеј каде беа пречекани со срдечен и топол дочек од нашинците во оваа далечна земја.
-Идејата “Гушниго светот” беше тоа што сакавме да прикажеме на светот дека потекнуваме од една мала балканска држава, Македонија која што има љубов кон целиот свет. Планот беше да се поминат сите континенти, да се вози со македонско знаме, носевме флаери за Македонија и објаснувавме од каде доаѓаме. Се работи за навистина добар народ, не дека ние сме македонци и вие ни го докажавте тоа, тука во Австралија, истакна Силвана.
Повеќе детали за тоа пред колку време тргнале од Македонија и колкав пат поминале, повеќе детали изнесе Тони.
-Тргнавме 20 јуни минатата година со некоја одредена рута која ја поставивме претходно. Поминавме вкупно 22 држави од кои ќе спомнам некои, Бугарија, Турција, Грузија, Русија, Казахстан, Узмекистан, Киргистан, потоа од Индија до Непал, од тука повторно моравме да се ввратиме во Индија за да поминиме јужно преку Мјанмар за Тајланд. Од Тајланд следеше Малезија , потоа Индонезија која ја поминавме цела тоа беше вкупно должина од 4 000 км. Тоа беше прилично напорен пат и од Индонезија се префрливме во Австралија поточно во Перт. Поминавме низ пустината “Налабок” до Аделаид од тука до Мелбурн па Канбера, Вонгонг и еве сме во Сиднеј, истакнува Тони.
Како следна активност која е во план на Тони и Силвана е нивното враќање во како што велат Република Македонија.
