Влатко, Дамјан и Златко ги полнат концертните сали во Австралија со македонци

Please follow and like us:
Pin Share

Ги рушат буквално сите рекорди на посетеност на своите концерти во Австралија. Младите стожери на македонската народна песна Влатко и Златко Миладиноски и Дамјан Стојаноски ги полнат сите сали каде што досега бележат настапи во оваа далечна земја. Така беа досегашните нивни настапи во Малбурн,  каде одржаа два концерти. Атмосферата може само да се долови од видео материјалот кој од страна на бројните посетители беше во живо објавуван на социјалните мрежи а да се доживее доколку сте таму.

Едногласно се пеат големите патриотски хитови како и новите хит рефрени отпеани од грлата на Влатко и Дамјан , кои  се знаат наизуст од секој македонец во оваа далечна земја.

Во Мелбурн следуваат уште два концерти кои веќе однапред се распродадени а веднаш потоа ќе следуваат уште два концерти во Сиднеј и по еден во сите останати градови во Австралија каде што живеат македонци.

Посебно како најпеани се издвојуваат песните “Велат не нема” од Влатко Миладиноски и хитот од Дамјан “Тешко мина докторе”.

Концертите се во организација на австралиско-македонската младинска асоцијација “Никола Карев” чиј претседател е Аце Петковски

Please follow and like us:
Pin Share