Комбинирана забава со народна и забавна песна, клуч на добар проект , смета Андреј ДНК

Please follow and like us:
Pin Share

Направија незаборавна забава во дискотеката “Палма” во Швајцарија, впрочем како што само тие двајца успеваат да направат.

Андреј и Панчо од ДНК, ретко кој може да остане рамнодушен на нивната песна но и енергија која ја оддаваат кон пубилката кога се на сцената. Секако тоа беше пропратено со нивните бројни хитови кои публиката дополнително ги знае и пее. Посебно го истакнаа фактот што за прв пат се спојуваат абавната и народната естрада на едно место, како збир од македонска музика. Во поглед на почетоците на соработката со македонскиот менаџер во Швајцарија, Хари Сековски, Андреј и Панчо се присетуваат како тоа испаднало да отидат таму пред осум години.

-Мислам дека првиот настап го имавме пред 7-8 години, ако не и повеќе. Бевме , паметам кога се укина визниот режим, ние имавме виза за Италија и наредната недела летавме за Швајцарија баш тука и тугаш ги укинаа визите и знам дека дојдовме тука, појаснуваат Андреј и Панчо.

Овие двајца поп изведувачи буквално ја поткренаа целата атмосфера во дискотеката “Палма” или што би се рекло ја доведоа точката до вриење, а нивниот впечаток за тоа беше следен:

-Мојот личен впечаток е дека луѓето можат да се напијат и на забавно и  на народна музика, тоа се докажа вечерва. Видовме дека сите се расположени еднакво реагираат и на едната и на другата музика. Прв пат имаме ваква на некој начин комбинирана соработка со наши колеги од народната естрада и тоа се покажа како многу успешен проект, посебно за македонците кои што живеат надовр од нашата земја, истакнува Андреј.

Ваквата идеја можеби треба да биде почеток на стимулација на останатите организатори да прават вакви забави, можеби токму тоа е клучот на добриот успех , комбинација од народна и забавна музика.

Please follow and like us:
Pin Share