Сопругата на Хари со безрезервна поддршка кон својот сопруг, клуч на неговиот голем успех

Please follow and like us:
Pin Share

Одбележа јубилеј достоен за почит, 20 години успешна менаџерска работа.

Македонецот Хари Сековски кој долги години живее и работи во Швајцарија, во изминативе дваесет години успеа да ја доведе речиси целата македонска музичка елита во Швајцарија а со тоа на некој начин и успешно да ја промовира македонската песна надвор од границите на нашата земја. Овој успешен и реномиран менаџер, не би бил можеби до таа мера на врвот доколу  не ја имаше безрезервната поддршка од својата сопруга Бети и своите  три деца. Околу тоа колку Бети како сопруга на еден успешен менаџер има трпение и разбирање за неговата работа, ја запрашавме токму неа, а таа не го криеше задоволството од големото достигнување на својот сопруг.

-Пред дваесет години бев многу помлада, тогаш бевме земени, како млад брачен пар. Поддршката беше многу голема. Значи 24 години како сме во брак и исто толку години го поддржувам во се што има досега направено. Така и со дискотеката, со децата со мене, во се го имам поддржано и мислам дека ќе продолжам да го поддржувам, истакнува Бети Сековска , сопруга на Хари.

Низ досегашната долгогодишна работа на Хари, се бележат бројни соработки со голем број дискотеки во Швајцарија, а помеѓу другото голема е и бројката на изнајмувани сали и организирани огромни манифестации. Конкретно на соработката со српската дискотека “Палма”, Хари истакнува дека бил побаран од нивна страна за да соработуваат и да се носат македонските пејачи на тоа место. Од отворањето на оваа дискотека па се до ден денес, соработката не е прекината, додава Хари.

Please follow and like us:
Pin Share