По успехот на „Ти ќе бидеш моја“: Кире Науновски сними нов спот за „Дојди ми“, во главна улога и неговата сопруга Марија!

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот пејач Кире Науновски не запира со новите музички проекти. По одличните реакции што ги предизвика песната „Ти ќе бидеш моја“, тој деновиве го реализираше и видеозаписот за својата најнова музичка приказна со наслов „Дојди ми“.

Снимањето на спотот се одвиваше на повеќе атрактивни локации во неговиот роден град Свети Николе, а според првите информации, публиката ќе има можност да види емотивна и романтична приказна која совршено се вклопува со атмосферата на песната. Она што дополнително ќе го привлече вниманието е фактот што покрај Кире, во видеозаписот овојпат се појавува и неговата сопруга Марија, која заедно со него ја доловува љубовната приказна преточена во кадрите на спотот.

Видеото е во продукција на ИН Продукција, која и овојпат се погрижи песната да добие современ и впечатлив визуелен изглед. Според најавите, премиерата на „Дојди ми“ се очекува во текот на месец јули, а официјалната промоција ќе биде реализирана на сателитската телевизија ИН, каде гледачите први ќе имаат можност да уживаат во новиот музички проект на Науновски.

Да потсетиме, Кире Науновски пошироката јавност го запозна како победник на популарното музичко шоу „Никад није касно“, по што неговата кариера бележи постојан подем. Благодарение на препознатливиот вокал, искрените интерпретации и големата поддршка од публиката, тој успешно ја гради својата соло кариера и станува едно од најактуелните имиња на македонската музичка сцена.

Со новата песна „Дојди ми“, Кире Науновски уште еднаш најавува дека подготвува сериозни музички изненадувања за своите обожаватели, а судејќи според вложениот труд и интересот што веќе владее, песната има потенцијал да стане еден од неговите најслушани хитови ова лето.

Please follow and like us:
Pin Share