Познатиот и признат музичар и виртуоз на дувачки инструменти Орхан Rocky повторно ја воодушеви публиката со својот уникатен музички стил и енергија. Тој важи за еден од најдобрите изведувачи на дувачки инструменти, а особено е препознатлив по маестралното свирење на кларинет, инструмент преку кој со години ја гради својата успешна музичка приказна.
Иако веќе долг период живее и работи во Мелбурн, Австралија, Орхан Rocky речиси една година престојува во Македонија, каде активно работи на нови музички проекти, настапи и соработки. Во Австралија тој е дел од една од најпознатите и најбараните македонски музички групи „Amadeus“, која со години е омилена меѓу нашинците таму и важи за симбол на добра забава и врвна жива музика.
Деновиве Орхан Rocky го промовираше своето најново оро „Македонска модерна гајда“, кое предизвика големо внимание кај љубителите на народната и модерната македонска музика. Станува збор за енергично и динамично музичко дело во кое традицијата и современиот звук се спојуваат во едно, а токму кларинетот и специфичниот стил на Орхан му даваат посебен белег.

Промоцијата се одржа во популарното музичко шоу „ИмаТ немаТ“, кое во последниот период станува се погледано меѓу љубителите на македонската естрада, музика и добра забава. Публиката ќе има можност премиерно да го проследи настапот и новото оро веќе овој викенд на сателитската телевизија IN.
Со својата харизма, музичка умешност и препознатлив стил, Орхан Rocky продолжува да биде еден од омилените музичари како во Македонија, така и меѓу македонската дијаспора во Австралија. Неговата љубов кон музиката и желбата за постојано создавање нови проекти уште еднаш покажуваат дека македонската музика има свои вистински амбасадори ширум светот.
