ХИТ ШТО ЌЕ СЕ СЛУША ЦЕЛО ЛЕТО: Игор Безаноски ја промовираше „Јано моја“ – нов спот, нова енергија и големи музички планови!

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот фолк пејач Игор Безаноски повторно ја израдува својата публика со нов музички проект, овојпат со песната „Јано моја“, која уште на прво слушање остава впечаток на вистински летен хит.

По неколкуте успешни музички изданија, Безаноски продолжува со силно темпо и докажува дека оваа година е една од неговите најплодни и најуспешни на музички план. Новата песна „Јано моја“ носи препознатлив фолк звук, модерна продукција и рефрен што лесно се памети, а многумина веќе коментираат дека токму ова можеби е и неговата најдобра песна досега.

Покрај самата песна, големо внимание привлекува и видеоспотот кој е снимен на фантастична локација во Маврово, поточно на прекрасниот предел помеѓу Маврово и Галичник – место кое совршено ја надополнува емоцијата и визуелната приказна на песната.

Во спотот, покрај Игор, се појавува и познатата инфлуенсерка Нина, која со својата појава му дава дополнителен шарм и современа визуелна динамика на целиот проект.

Премиерата на спотот беше ексклузивно прикажана на Телевизија IN, а истовремено беше објавен и на YouTube платформата, каде веќе привлекува големо внимание и позитивни реакции од публиката.

Игор најавува дека ова е само почеток и дека до стартот на летната сезона ќе следуваат уште неколку нови музички проекти, со што дополнително ќе ја зацврсти својата позиција на македонската фолк сцена.

Со „Јано моја“, Игор Безаноски уште еднаш покажува дека знае како да направи песна што лесно влегува во уво и останува долго во срцето на публиката. Многумина веќе велат – ова лето ќе се пее токму „Јано моја“!

Please follow and like us:
Pin Share