Дамјан Стојаноски пресреќен што го доби синот Војдан

Please follow and like us:
Pin Share

Дамјан Стојаноски во интервју за ИН ТВ зборува за татковството. Тој вели дека е пресреќен што за првпат стана татко и го доби синот Војдан.

Македонскиот пејач и изведувач на народна песна, Дамјан Стојаноски годинава за првпат се оствари во улога на татко. Во интервју за ИН ТВ тој зборува за неговиот син Војдан и вели дека чувството да се биде татко е прекрасно. Поради оваа голема среќа, за него 2020-та е доста успешна.

-За мене годинава е успешна, добив син, мене ми е убава 2020-та година и покрај тоа што ете на професионално поле не е толку добра, но се надевам на подобро и дека за брзо ќе помине ова. Чувството да се биде татко е прекрасно, син ми се вика Војдан, се роди на 24-ти август и како што веќе кажав за мене оваа година е успешна.-споделува Стојаноски со гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Дамјан периодов има и нова песна со која што настапи на годинешното издание на фестивалот Роса Фест. Песната е со љубовна тематика, а носи наслов Само ти.

Зад музиката и текстот се потпишува Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски. Песната беше изведена и на снимањето на Новогодишното шоу на Австралиската ИН Телевизија.

Please follow and like us:
Pin Share