Сопругот на Тања Савиќ тврди: „Се смиривме поради љубовта и децата“

Please follow and like us:
Pin Share

Тања Савиќ 2020 година ќе ја памети до крајот на животот. Откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ  ги однесе нивните синови во Австралија, нејзината битка за да ги види повторно децата не престана.

За да покаже низ каква агонија поминува, пејачката одлучи да напише книга.

-Тој ме уценува подолго време да му се вратам, во спротивно никогаш нема да си ги видам децата. Јас немам авион да дојдам во Австралија, па го прашав дали тој ќе дојде со децата тука, на што тој буквално ме уцени, имам и доказ за тоа. Ми напиша: ‘Или ќе бидеш со мене, да бидеме заедно со децата, или јас останува сам во Австралија’, така што јас само можам да останам без децата ако не се смирам со него. Јасно е каков човек е тој, многу себичен, нарцис. Само на себе мисли, воопшто не размислува за децата“, изјави Тања за една ТВ-емисија.

Меѓутоа, изгледа нештата се сменија во меѓувреме. Имено, како што пренесува „Објектив“, Тања одлучила да му даде уште една шанса на сопругот и така повторно да биде со своите малечки. Веста за смирување ја потврди и Душан Јованчевиќ лично.

-Се смиривме поради љубовта и нашите деца. И понатаму сме вљубени еден во друг како и секогаш! Љубовта меѓу нас никогаш не престана. Нема објаснување за нашето смирување бидејќи не сум упатен што се зборува таму за нас. Никогаш не следам и не ме интересира, искрено. Секој ден се слушаме по двапати. Секој втор збор ни е ‘те сакам’ и ‘ми недостасуваш’. Јас ѝ го кажувам тоа, а и таа мене“, рекол Душан, и открил дека Тања планира да се врати во Австралија откако ќе се смири ситуацијата со коронавирусот.

Please follow and like us:
Pin Share