Сани сака што поскоро да заврши 2020-та година

Please follow and like us:
Pin Share

“Не сакам да ја памтам 2020-та година, сакам да остане што подалеку од мене бидејќи ова е пропадната година за сите.” Ова го истакна пејачката Сани во интервју за ИН ТВ.

Пред само краток период во студиото на ИН Продукција гостуваше атрактивната пејачка Сани. Таа за естрадниот магазин Естрада плус вели дека сака што побрзо да помине 2020-та година и да се заборави бидејќи за неа оваа година е пропадната и лоша.

-Не сакам да ја памтам 2020-та година, сакам да остане што подалеку од мене, заборавена година бидејќи оваа година е пропадната година според мене и не само за мене, туку за сите. За следната година немам никакви планови, чекам прво да заврши 2020-та година, да биде се во ред и потоа ќе правиме планови за следната.-изјави Сани за Естрада плус.

Таа во интервјуто за ИН ТВ на гледачите им посака многу здравје бидејќи тоа е она што е најбитно во овие моменти кога во нашата земја сеуште владее коронавирусот.

-На гледачите сакам да им посакам многу здравје и трпение во оваа ситуација, да се пазат, јас имам мои блиски луѓе кои се заразени со коронавирусот, значи да бидат претпазливи и им посакувам само здравје, тоа е најбитно сега.-вели таа за гледачите на ИН ТВ.

Во студиото на ИН Продукција, при снимањето на Новогодишното шоу покрај нејзините хитови “Хаос”, “Кафана”, “Прељуба”, Сани ги претстави и двете нови песни “Невреме” и “Заедно можеме се”.

 

Please follow and like us:
Pin Share