(ВИДЕО) Игор Андреевски го промовираше видеото за “Илина најмила”

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот видео запис од Игор Андреевски за неговата најнова песна со наслов “Илина најмила” ?!

Игор Андреевски го промовираше видео записот за песната “Илина најмила”. Како што истакна за естрадниот магазин Естрада плус станува збор за доста убава песна во ориентален ритам која е дело на Златко Миладиноски. Видео записот е во соработка со ИН Продукција.

-Песната е комплетно дело на Златко Миладиноски, музиката, текстот и аранжманот му припаѓаат него, единствено што јас сум изведувач на таа убава песна. Ние соработуваме со Златко и ете така спонтано се случи песната која што звучи доста убаво и ќе имаат гледачите можност премиерно да ја слушнат и да оценат дали ќе им се допадне песната. Јас сум препознатлив по македонскиот народен стил, таква ќе биде и оваа песна, гледачите и слушателите ќе имаат можност да уживаат во еден брз, жив, ориентален ритам и ќе ја опееме Илина, било тоа да е за гледачите некоја сакана, внука, девојка, мајка итн.-вели Игор во интервјуто за ИН ТВ.

Игор додава дека секогаш треба да се твори нова музика, односно да и се подарат нови песни на публиката. Затоа тој и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и подготовка на нов материјал.

Во продолжение погледнете го видео записот за “Илина најмила” !

Please follow and like us:
Pin Share