Еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ сними спот за најновата песна. Снимањето се одвиваше во Скопје и околината, во соработка со ИН Продукција.

Како што им вети на неговите фанови во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Ѓоко Јовиќ деновиве го сними спотот за неговата најнова песна посветена на неговата татковина Македонија.
Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Скопје и Скопска Црна Гора, а екипата даде се од себе за видеото да биде онака како што е замислено и секако како што налага песната.
Текстот за песната го напиша Александар Стевановски, музиката е на Ѓоко Јовиќ, а аранжманот на Дамир Имери. Јовиќ за Естрада плус вели дека во оваа песна вложил доста труд, но крајниот збор ќе остави да го каже публиката.
-Тоа е нова песна, сеуште немам одбрано наслов, но мислам дека ќе се вика “Прелетај соколе” или “Песна за Македонија”, текстот е дело на еден од помладите текстописци, веќе докажан Александар Стевановски, музиката е моја, а аранжманот е на Дамир Имери. Дали ќе биде прифатена, ќе оставам на публиката да каже. Јас правам за да и се допадне на публиката, но пред се мислам дека кога мене ми се допаѓа песната, навистина очекам да биде прифатена, па ќе видиме. Јас вложувам се од себе и се надевам дека ќе и се допадне на публиката.-изјави Ѓоко во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, спотот го работат неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција, а истиот ќе биде премиерно претставен во најскоро време на Сателитската ИН Телевизија.
