Регионот се збогува од Џеј Рамадановски

Please follow and like us:
Pin Share

„Mногу ќе ни недостасуваш, а посебно твојата насмевка и твоето познато Кај си бе Македонче? Шо ќе правиме?“ – Тијана Дапчевиќ, Марија Шерифовиќ и уште многу други ѕвезди со емотивни пораки се збогуваа од кралот на народната музика, Џеј Рамадановски, а соседите ја пееја „Недеља“ на прозорците од нивните домови. 

Балканот во жалост откако се прошири веста за загубата на српскиот пејач Џеј Рамадановски.

Српскиот пејач со македонско потекло кое честопати гордо го спомнуваше, беше познат по многу песни, меѓу кои и легендарната „Недеља“ чии стихови беа едни од омилените на фановите, а сега уште повеќе им одѕвонуваат во главите.

Срцето на Џеј престана да бие токму во недела, на негова 56-годишна возраст. Според српските медиуми причината за смртта е срцев удар, а пејачот неодамна отворено зборуваше за проблемите со срцето и операцијата која ја правел пред неколку години. Токму поради лошата здравствена состојба тој во последниот период бил постојано дома и не излегувал за да се заштити од актуелниот корона вирус.

Неговите соседи по веста за неговата смрт, на прозори ја пееле неговата песна „Недеља“ , а од зградите во Белград одекнувале уште многу други песни од пејачот.

Please follow and like us:
Pin Share