Уникатна во гласот, перфектна во изведбата, со сета внатрешна убавина која и ги краси и лицето и снагата Елена Андоновска плени со своето битие. Жена која инаети на се што е вештачко, пластично, на се што наликува едно на друго , до коски верна на традицијата и природата. Дипломиран етнокореолог, која е дел од македонското уникатно Сонце ” Танец “, вокал нa групата “Седенка”, мајкa на три сина и среќна сопруга. Успешно реализирана на сите полиња , семејството и е вечна инспирација, а Македонија е нејзиниот глас. Вокал кој ја има мекоста на памук , глас кој од убавина неможете да го изнаслушате и жеднеете за уште и уште и уште. Зад себе има 2 албуми кои паралелно ги сними со раѓањето на нејзините 2 сина. Иста е приказната и со третиот албум на кој интензивно работи, а ќе го посвети на нејзината трета рожба. Со завршување на истиот , таа го најавува својот прв солистички концерт кон крајот на 2024 година. Ова го сподели со гледачите на македонското талент шоу , во кое неодамна гостуваше како член на жирито . Кога одбира песни , првенствено трага по сопствениот сензибилитет, за зборовите и нотатите да го носат нејзините сетила. Стихот од најзината песната ” Седма зима ” …”Срна сум кротка, река сум дива” според Андоновска е еден од најсилните стихови што некогаш е отпеан . Секоја нејзина интерпретација е бескомпромисна почит и поклон на изворот, на мајчинското, татковското, македонското. За Велигденскитe празници со нејзината група “Седенка “заминуваат меѓу нашите во Швајцарија, а веднаш потоа целиот период се ангажирани на македонските свадби. Неуморна, вредна која остава длабока трага при секој нејзин изоден чекор како врвен уметник и почитуван артист.