
Уште еден нов, втор круг за тројца мали учесници во македонското талент шоу . Стефанија Костадинова (13) од Свети Николе, Даниел Рунчевски (13) од Ресен и Ѓорѓи Терзијевски (12 ) од Битола се децата кои блескаа на сцената во студиото на ИН ТВ. Радува сознанието дека се толку мали, а толку силни во гласот.

Импресионираното жири во состав Елена Андоновска, Владо Пупиноски и Љупчо Јовановски Бубе не штедеше пофални зборови . На 13 години да добиете коментар од Елена Андоновска дека можете веќе да настапувате на сцена , само потврдува за каков талент станува збор. Сакајќи да се уште поавтентични со музиката која ја носат некои од нив за својот настап одбрале народна носија, што само ја засилува целата македонска приказна во шоуто. Настaпот на овие три деца ќе можеме премиерно да го видиме во сабота на 23 март на фрекфенцијата на ИН ТВ во 14.00 часот.




