Македонското талент шоу пее за трет круг

Please follow and like us:
Pin Share

И оваа сабота на ИН ТВ ќе гледаме и слушаме македонска музика за душа,  донесена од тројца талентирани натпреварувачи. Кога нешто е добро треба да се потенцира, пофали стимулира. Како што се зголемуваат круговите така ќе се намалуваат натпреварувачите и ќе се засилуваат критериумите. Во втората емисија за влез во третиот круг своите настапи ги имаа Благицс Велјаноска од Прилеп, Андреј Грковски од Скопје и Јасмин Идризовиќ од Скопје. Тие се млади, талентирани и што е најважно вредни, кога е во прашање вежбањето за што посигурен настап и интрпретација. Благица и Андреј имавме можност да ги гледаме и во втората сезона од талент шоуто, во која успеаа да бидат меѓу дваесете финалисти. Јасмин за прв пат е во ова шоу , но има големо искуство како учесник на шоу во кое се борел за што подобар пласман со преку 100 кандидати. Нивните настапи ги оцрнуваа Ечена Јовческа и Јовица Каралиески. Јовческа изгледа како никогаш до сега , среќна и позитивна како и секогаш.Гостин во саботната емисија е младиот Благојче Трајковски кој лани беше финалист , од тогаш до дрнеска сериозно се посвети на музиката, сними 3 песни а го видовме и на фестивалска сцена.

Please follow and like us:
Pin Share