Кои се тројцата нови кандидати во четвртата емисија од македонското талент шоу

Please follow and like us:
Pin Share

Во потрага и откривање на нови таленти кои исклучиво ја сакаат македонската песна и музика продолжува снимањето на третата сезона на македонското талент шоу. Во четвртата емисија ќе се претстават тројца кандидати. Најмладата од нив е Викторија Стојаноска 15 години од Прилеп. Деветооделенка која од малечка е со песната. Пее во хор, учесник на детски фестивал, паралелно учи и во државното музичко училиште во Прилеп.Повеќекратно наградуван спортист но поради здравствени причини морала да го остави спортувањето и максимално се посветува на музиката. Викторија се натпреваруваше и во втората сезона.

Горјан Ристов 24 години од село Подареш – Радовиш. Студент по општа медицина на универзитетот,,Гоце Делчев” во Штип. Во слободно време се занимава со музика .

Кристина Јованова 19 години село Воиславци – Радовиш. Студент по физиотерапија на универзитетот ,,Гоце Делчев ” во Штип. Музиката е резервирана за секој нејзин слободен момент. Овие кандидати премиерно ќе ги видиме во сабота на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share