Дарко Стојаноски полека но сигурно чекори на врвот на фолк сцената

Please follow and like us:
Pin Share

Дарко Стојаноски важи за скромен и добар човек. Taка скромно и постепено ја започнува и неговата кариера, уште во далечната 2002 година со настап на фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни “Гоце Фест” каде е прогласен за најдобар дебитант. Потоа следуваат уште голем број фестивали и награди од каде што произлегуваат и неговите веќе добро познати песни како “Јана е најубава”; “Отвори порти невесто”; “Анѓа од Галичник” и уште многу хитови кои достигнале до врвот на пиедесталот.

Покрај големиот број ангажмани на професионален план тука во Македонија, како и надвор од границите на нашата држава вклучувајќи ги неколкуте настапи во Швајцарија и големата и успешна турнеја во Австралија, Дарко е и успешен семеен човек, среќен сопруг и татко на два сина Филип и Андреј Стојаноски. Тековната 2023-та година ќе ја заокружи со голема турнеја во Америка почнувајќи од 21.12.2023, па сé до 05.02.2024. Со убава песна и веселба, таму ќе ја дочека и ќе ја започне новата 2024-та година и заедно со нашинците во Америка ќе помине дел од нашите најголеми христијански празници.

Please follow and like us:
Pin Share