Дали е финале или само трета емисија од новата сезона

Please follow and like us:
Pin Share

Викендов на ИН ТВ и на сите ТВ станици кои го превземаат емитувањето на македонското талент шоу ќе се емитува третата емисија од третата сезона. Она што ние можевме да го забележиме на снимањето се тројцата одлични кандидати кои се дел од емисијата што следува. Имавме чувство дека присуствуваме на снимање на финале. Фантастични вокали, интерпретација, енергија, комплетен впечаток на сцена кој ќе ги освои сите. Тоа се двајцата скопјани Онур Беќировски и Јасмин Идризовиќ и дебарчанецот Армин Ајроски. Кои пред жирито се натпреваруваа со песни отпеани од нашите најсилни пеачки грла. Оваа сабота задолжително проследете ги нивните настапи премиерно на австралиската сателитска ИН ТВ со почеток во 14.30 часот по локално време. Во продолжeниe на кусo ве запознаваме со нив Онур Беќировски има 22 години, роден и живее во Скопје, студент на Економски Факултет, љубовта кон музиката е вродена уште како дете во него , било каде и да слушнел музика нешто со него се случувало, си пеел во себе додека не го слушнал професорот по музичко од основно кој го открил неговиот талент.Од тогаш по сериозно почнал да работам на својот талент. Има настапувано на фестивали но и на хрватскиот Суперталент.

Јасмин Идризовиќ 26 години, роден во Скопје. По образование доктор стоматолог. Најголемо хоби му е музиката односно пеењето и свирењето.Има завршено нижо музичко училиште во “Илија Николовски-Луј” отсек виолина.Свири пијано и гитара но најмногу од се го исполнува пеењето.

Армин Ајроски има 35 години и доаѓа од Дебар.Тој е еден од ретките натпреварувачи кои биле во шоуто а потекнуваат од дебарскиот регион. По професија е професор по физичко и здравствено образование и работи во училиште во неговиот роден град.Оженет татко на едно девојче.Музиката е задолжителен дел од неговото секојдневие.

Please follow and like us:
Pin Share