Со песната ” Жива” која премиерно ја отпеа во студиото на ИН ТВ, Анета Љумаковска најавува нов проект на кој ќе работат наши врвни имиња од светот на музиката. ” Жива” е дело на композиторот и аранжер маестро Сашко Велков, а текстот е на Анита Даева, која за Анета има напишано и други текстови на песни кои допрва треба да се реализираат. Песната е снимена во студио ” Анастасија” , кај Љупчо Павловски кој се потпишува зад аудио продукцијата. Привилегија на секој автор е да се соработува со Анета, која е професионалец за пример. Со години наназад Љумаковска потврдува дека е вокал кој плени секого, не само овде во Македонија туку во целиот регион и секаде каде што допира нејзиниот уникатен глас. По многуте промени кои и се случија на приватен план, Анета храбро ја продолжува својата кариера и буквално цел овој период не е застаната со настапи. Од она што го дознаваме таа за дочекот на новата 2024 гидина по толку работни нови години , одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди. Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Жива” , прекрасна интерпретација и приказна во која може да се пронајде секоја жена.