Пеачката Ирена Спасовска беше во жири комисијата на снимањето на третата сезона од македонското талент шоу. Таа оваа улога ја умаше и во претходната сезона, а нејзините коментари освен конструктивност имаат и духовита нишка. Отворена, директна како и секогаш таа изреагира на името на еден од натпреварувачите, Шеип. При неговото претставување на Спасовска и се слушна дека момчето се вика Шеик, а не Шеип и во истиот момент му се обрати на кандидатот: “Шеик, колку убаво име кој ти го даде, јас се израдував , како и да е мене ми оди со шеиците” во шега искоментира Ирена. Понесена од моментот од место ја запеа “Еј Шеки,Шеки”. Како изгледаше ова имавте можност да видите во премиерното издание на третата сезона од македонското талент шоу кое се снима во ИН ТВ, а зад овој проект се потпишува ИН продукција.