Анета Љумаковска за прв пат беше член на жири комисијата во првата емисија од третата сезона на македонското талент шоу која се снимаше на 28 ноември. Снимањето беше договорено во 17.00 часот, но Љумаковска запомнила од контактот со ИН Продукција дека терминот е во 20.00 часот. На повик од водителката Анита Даева непосредно пред почетокот на снимањето Анета го дознва точното време 17.00, што не и остава простор за планираното подготвување туку веднаш да влезе во автомобилот и да тргне. Долгогодишното искуството на сцена си го прави своето, и за облекување и за шминка и за тип -топ изглед какo што бара гостувањето на ТВ. На сето ова кога ќе се додаде и одличниот “шоферлук” на Анета , таа од Битола до Охрид стигна во рекорден рок , почитувајќи ја максимално хоризонталната и вертикалната сигнализација, на што Даева во најавата на емисијата ја нарече Анета , Шумахер. Снимањето помина одлично, а Љумаковска изгледа како никогаш до сега ,вистинска дама со енергија и глас каков што нема никој.