Младиот велешанец Александар Темелков кого публиката го запозна по неговите генијални настапи во популарното шоу и кој денес веќе има неколку фолк-песни зад себе, откри дека наскоро ќе се оствари во улога на татко.
Тој сподели заедничка фотографија со саканата Сара, а под која откри дека го очекуваат нивното прво бебе.
„Почитувани фанови и пријатели, наскоро јас и мојата вереница ќе станеме родители“, напиша тој под заедничката фотографија.

