
Популарната пејачка Лени Партикова и Жарко Ѓоргески го кажаа судбоносното ‘‘да‘‘. Убавата вест ја овјави невестата на нејзиниот фејсбук профил, а објави и неколку фотографии.
Љубовта не мора да биде совршена, таа само треба да биде вистинска и лојална
Кога двајца луѓе се наменети еден за друг, ниту едно време не е предолго, ниту едно растојание не е предалеку и никој никогаш не може да ги распарчи
Ја крунисавме нашата љубов за навек , напиша Партикова.
На свадбата присуствуваа голем дел од нејзините колеги и колешки и сите запееа по некоја песна.
