Вистините за сите кавги на естрадата, еве зошто Брена и Цеца се на врвот на листата

Please follow and like us:
Pin Share

Врската меѓу бројните пејачи со години ја интригира јавноста. Некои успеаја да ги надминат конфликтите, а други стигнаа дури и до судот! А Курир.рс ги издвои најпознатите на српската естрада! Некои кавги, верувале или не, траат со децении. Еве ги најпознатите!

Цеца и Дагана Мирковиќ

Се започна со Жељко Ражнатовиќ Аркан и неговата мисија да ја направи својата тогашна девојка најголема српска ѕвезда, изјави за „Ало“ извор кој добро ги познава настаните на српската естрада во 90-тите! А како што се наведува, главен ривал на Цеца во тоа време и била Драгана.

Така на естрадата почнаа да кружат приказни како медиумите по наредба на Аркан се повеќе ја избегнуваат Драгана од Касидол, за да ја доведат Цеца во прв план. Дури се сметаше дека некои награди на фестивали и музички натпревари се однапред резервирани.

Но, Драгана не веруваше во тие приказни, а колку е суетна покажа кога ја покани Цеца да гостува на нејзината телевгизија ДМ во времето на забраната за ТВ „Пинк“.

Но, се покажа дека се уште постои тензија меѓу овие две големи ѕвезди. Имено, тие пред неколку години заедно работеа на новогодишната програма на Радио телевизија на Србија, а истиот ден имаа и заедничко снимање. Никој не очекуваше дека за време на поздравувањето ќе има провокации меѓу пејачките, а на оваа тема имаа сосема различни коментари.

Мина Костиќ и Индира Арадиновиќ Инди

Физичката пресметка меѓу двете фолкерки со години е еден од најгледаните видеа. Овие две пејачки во различни периоди биле со бизнисменот Тиосав Сретеновиќ Тик, па се претпоставувало дека тој е јаболкото на раздорот.

Зорица Брунцлик и Милош Бојаниќ

Уште еден во низата конфликти во реалноста кои завршија на суд, а Бојаниќ ја тужеше Зорица Брунцлик затоа што го нарече лажго и расипан и го плукна во лице. Зорица плачеше на судењето, а Милош одби да зборува за се, наведувајќи дека инцидентот е далеку зад нив.

Славица Ќуктераш и Тања Савиќ

И овој жесток конфликт е предизвикан од љубомора и ја повреди женската суета. Големото пријателство на учесниците на првата „Ѕвездите на Гранд“ пукна бидејќи, како што пишуваа медиумите, Ќуктераш фрлила око на тогашното момче на Тања Савиќ.

Сепак, тие две пред неколку години успеале да ги средат несогласувањата бидејќи како што тврдат станале позрели кога станале мајки.

Аца Лукас и Жељко Шашиќ

Што се однесува до најдолгите конфликти на естрадата, невозможно е да се заобиколат Аца Лукас и Жељко Шашиќ, бидејќи и двајцата пејачи со задоволство и често ги коментираа животните одлуки на другиот, и на помпезен и духовит начин.

Причина за конфликтот во овој случај била жена, но Вуксановиќ и Шашиќ не ги закопале секирите и откако Соња се разведе од Лукас. Згора на тоа, послужи и како повод за нов арсенал на прозивки и навреди.

Весна Змијанац и Зорица Брунцлик

Зорица уште еднаш се најде на оваа листа, но овој пат не поради најжестоката кавга на естрадата, туку поради најдолгата.

Таа и Весна не зборуваа 29 години, бидејќи Брунцлик ѝ го зема Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш на Весна Змијанац, а по децениски навреди, двете пејачки јавно пружија рака за помирување на концертот на Зорица во 2014 година во Арената, кога заедно се појавија на сцената.

Јелена Карлеуша и Цеца

Овој конфликт е еден од подолгите! Имено, војната со Цеца трае со децении, а тоа е убедливо шоу непријателство, кое продолжува да ја интригира јавноста, но и судот.

Освен на судот, во јната се води и на социјалните мрежи, а судејќи по коментарите во медиумите, крајот не се гледа.

Сека Алексиќ и Дара Бубамара

Во војна преку медиумите тргнаа и двете некогаш добри пријателки и колешки. Се започна кога Дара закажа концерт во Арена на 21 април, а веднаш потоа Сека го објави датумот на нејзиниот концерт – 14 април, што ја налути нејзината „пријателка“.

Борбата за публика за публиката ги скарала блиските пријатели, а како поддршка на Дара набрзо пристигнала и Јелена Карлеуша, која гестот на Сека иронично го окарактеризира како чин на „добро пријателство“.

Весна Змијанац и Лепа Брена

Двете најголеми југословенски пејачки и ривалки често беа именувани во медиумите, а години подоцна Весна откри како настанале нивните „конфликти“.

– Кога сакаме реклама, се согласуваме да бидеме во конфликт. Отсекогаш сме биле ривали и конкуренција, а потоа измислуваме расправија, а драмата во медиумите трае еден месец, а ние две седиме и пиеме кафе или одиме на пат заедно – откри Весна во една емисија.

Мирослав Илиќ и Лепа Брена

Иако на почетокот имаа одлични односи, дури снимија и дует, нивната врска подоцна се залади, наводно поради постапките на Мирослав. После тоа Брена целосно ја поддржа Мирјана Антоновиќ, која тврди дека со пејачот го има синот Девин, кого Мирослав се уште не го признава.

Но, предвесник на сите конфликти и кавги на поп небото беше односот на двете легенди на народната музика!

Лепа Лукиќ и Силвана Арменулиќ.

Предвесник на денешните фолк кавги, скан дали и сето она што секојдневно го гледаме во шоубизнисот може да се каже дека беа Лепа и Силвана. Во екот на популарноста, двете најголеми фолкерки ги полнеа страниците во весниците поради честите прозивки и ги забавуваа широките маси со своите тепачки.

Од друга страна, Лепа и Силвана беа добри пријателки. Нивниот договор да се напаѓаат во медиумите беше исклучиво за забава на јавноста.

Please follow and like us:
Pin Share