Сашо излезе за прв пат на естрадата со нов музички албум со 10 новокомпонирани фолк македонски песни.Го контактиравме да ни каже нешто за албумот и за себе и ни го кажа следното: Живеам 14 години во Сиднеј-Австралија, потекнувам од Демир Хисар.Се занимавам со музиката,свирам на хармоника,но не сум моментално активен во Австралија и не сум познат за јавноста. Спонтано се случи да пробам покрај свирењето на хармоника како би било и да запеам и да создадам мои авторски песни со своја музика и свој текст ,и произлезе идеата да се сними еден цел албум со 10 песни со различни теми.Албумот е со наслов “Куќо Моја”.Како продуцент на албумот е маестро Славко Ристески од Прилеп ,Mix & Master Славко Ристевски – PRO SOUND Production Studio.

На сите песни автор на музика и текст сум јас-Сашо Јанкуловски, само на една песна како коавтор на текст во песната со наслов “Пуста да е Меаната” се јавува Самир Мифтари, додека аранжманите на сите 10 песни се на маестро Славко Ристески. Ја користам оваа прилика јавно да му се заблагодарам на маестро Славко Ристески за преубавите аранжмани и професионалност во работата,јас сум презадоволен и би рекол дека си најдов студио и продуцент баш како што сакав и не би го менувал за ништо.Славко има преголемо искуство и знаење во музиката и соработката ќе продолжи со нови песни и проекти.Албумот е во продажба во Австралија веќе три недели и на мое изненадување има голем интерест и е продаден во поголем број, му благодарам на сите што го набавија цедето и со тоа ме подржаа и ми дадоа мотив и желба да продолжам да творам и снимам нови песни.Благодарност на IN TV Australia што ми отстапи место и ми овозможи промоција како ново име во музиката,се надевам и планирам во блиска иднина дека песните ќе бидат на програмата на IN TV Australia со видео спотови.
