УАПСЕН ПЕЈАЧОТ ДАРКО ЛАЗИЌ: ПОД ДЕЈСТВО НА КОКАИН ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Дарко Лазиќ е уапсен ноќеска поради низа прекршоци кои ги открила сообраќајната полиција.

Лазиќ е приведен утрово околу 4 часот на автопатот во Нов Белград, потврдија за Телеграф.рс.

Според информации на порталот, Дарко Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење, тој возел 117 километри на час на место каде максималната брзина е дозволена на 80 километри на час!

Направил и тест за дрога, како и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кокаин, а му биле измерени 0,91 промили алкохол во организмот.

На Лазиќ му беше одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.

Please follow and like us:
Pin Share