(видео )Сузана и Влатко за велигденските празници ви подаруваат дури две дует песни

Please follow and like us:
Pin Share

За Влатко Миладиноски не е потребно да се трошат зборови. Неговата колешка Сузе отсекогаш имала убаво мислење за него: на едно гостување во емисија на МТВ таа му даде голем комплимент откако напиша: Со кралот на македонската песна.

Така и сега, Гавазова не штедеше на зборови и за емисијата Магазин си кажа што се мисли за Влатко Миладиноски, а на крај му упати едно доста интересно прашање.

„Не се сеќавам како и кога се запознавме, но знам дека кога излезе пред 18, 20 години со песната „Кате, Кате“ веднаш го забележав и се распрашувавме кое е тоа дете.

Дознавме дека е на Војо Стојаноски, сега по коен, внук и веднаш рековме дека тоа е тоа, талентот, генот си го има. Трудот и талентот излегоа на површина тој е сега успешен пејач со хит до хит“, кажа Сузана.

Имаше само пофални зборови и за работата со него. Вели дека секогаш поминуваат без не рвози, преубави моменти минале работејќи како во Македонија, така и во странство.

„Тој работи тимски, пред се е господин, нема его така што со него кога работиме едноставно зрачиме со некоја позитивна енергија на сцена и публиката тоа го чувствува, па се прави добра атмосфера.

Најмногу ми се допаѓа кај Влатко тоа што е секогаш смирен, нкогаш го немам видено нервозен, тој е доста паметен и културен човек. Не сум слушнала лош збор од него.

Со оглед на тоа дека има прекрасна вила во селото Јаорец покрај р. Студенчица, сум видела убави снимки дека има широка полјанка со трева, па би сакала да знам кој ја коси тревата?“, отворено си праша Сузе.

Одговорот на Влатко следуваше: „Јас лично, како што велат со овие две раце, сега барам да се подновам со нова косачица. На 28ми мај ми е роденден Сузе, можеш да ми подариш“, низ шега кажа тој.

Диет песните се испеани во најгледаното Македонско музичко шоу ИмаТ немаТ

Please follow and like us:
Pin Share