Познатата српска пејачка Рада Манојловиќ со послените фотографии ги изненади фановите. Имено, на фотографиите може да се забележи дека Рада ја корегирала устата, и е сосема непрепознатлива.




Инаку Радмила Манојловиќ фотографијата ја сподели со своите фанови на Инстаграм, а фановите се воодушевени од нејзината промена.
Раскинувањето на Рада Манојловиќ со нејзиниот партнер, емотивно и длабоко ја погоди поп-ѕвездата која не можеше, а да не прокоментира на медиумите.




Секогаш кога во медиумите ќе се појават индиции за прекин на врската на Рада Манојловиќ, целата популација или барем оние кои ја сакаат пејачката ги отвораат очите и ушите за да ја прочитаат или слушнат причината зошто згодната Рада повторно е сама.




Неколку пати досега во нејзината долга кариера вакви наслови се проширија во медиумите, некои со право, некои беа измислени, но еден од нив длабоко ја повреди пејачката и ја наведе да даде коментар.




Имено, откако ја прекина романсата со кошаркарот Момир Гајиќ, кој шест месеци по раскинувањет изјави дека ја напуштил пејачката поради нејзината работа и дека никогаш повеќе нема да бара љубов во таа професија, Манојловиќ се огласи и остро го критикуваше поранешниот партнер.




– Не можам да разберам маж од триесет и осум години, од кои три ги поминал со мене во врска, да падне ниско на некои приказни. Тоа само докажува колку навистина не се познаваме, па се прашував што правевме заедно цело ова време.




Да бев на негово место и поради некоја причина да имав потреба да се рекламирам во медиумите, верувам дека тоа ќе го направев многу покултурно. Целата ситуација навистина ме налути. Ако веќе решил да зборува, требало да го повтори тоа што ми го кажал на раскинувањето или да молчи.




Но, тој неможе да го направи тоа бидејќи е податлив и слуша некои други луѓе, што цело време му ја пунеа главата за време на нашата врска. Требаше да биде маж до крај и да повтори дека сум добра девојка, една во милион и дека секогаш можам да се потпрам на него – рече Рада, и на самиот крај објасни:




– Ако беше со некого три години, нешто му одговараше, не беше со мене затоа што мораше. Никогаш немаше да ме погоди толку лично да не бев со отворено срце во се, а на крајот добив: О Дај се од себе. Па, јас не сум почината – изјави пејачката која со години ужива во заедничкиот живот со колегата Харис Берковиќ.




Раскинувањето на Рада Манојловиќ, романсата или љубовта се наслови кои ја интригираат публиката, особено што пејачката речиси и не зборува за својата приватност откако го најде мирот со Харис.
