Нови Фосили беше една од најпопуларните музички групи во поранешна Југославија. Испејаа бројни хитови како: „За стара добра времена“, „Ја сам за плес“, „Еј, мој Саша“ итн. Но, во 2014 година сите беа шокирани од веста за распадот на групата!
Како што тогаш се пишуваше, на Рајко Дујмиќ тоа му било тешко. Сепак, тешка судбина ги снајде сите членови на бендот! Конфликтот меѓу членовите на бендот „Нови фосили“ произлезе од одлуката на тимот да го избрка Рајко од бендот во 2014 година, по што тој поднесе тужба до судот.
Така, во 2016 година беше донесена времена мерка со која се одлучи Сања Долежал, Владимир Кочиш Зец и Маринко Колнаго да немаат право на настап користејќи го името „Нови фосили“, бидејќи Дујмиќ е основач на групата и автор на повеќето на песните.
Сепак, тројцата не го испочитуваа тоа, поради што на Фејсбук реагираше сопругата на Рајко.
„Сања, Маринко и Зец, без оглед на времената мерка што ја донесе Стопанскиот суд и која е во сила до правосилноста на пресудата, поврзана со повреда на правото на употреба на името „Нови фосили“, ќе настапат под името „Нови фосили“ на 14 февруари 2020 година во Сплит“, напиша тогаш Сњежана.
На тоа реагираа и други членови на групата.
– Поради тешката болест на Дујмиќ, решивме во моментов да ја прекинеме работата на групата. Имено, познато е дека Рајко триесет години ја води битката со зависноста, поради која прекинавме во 1991 година, откако тој одби да оди на лек ување -кажаа во интервју за 24сата Сања Долежал, Маринко Чолнаго и Владимир Кочиќ Зец. .
После тоа, во сообраќајна несреќа на 65-годишна возраст се упокои музичарот Рајко Дујмиќ. На 29 јули 2020 година во близина на Равна Гора изгубил контрола над возилото и слетал во провалија. Неколку дена по опера цијата, поради крварење во мозокот, тој им подлегнал на повредите.
Во една прилика Дујмиќ тврдеше дека Сања Долежал го обвинила за загубата на нејзиниот сопруг Ненад Шариќ, инаку тапанарот на бендот.
Шариќ беше испратен во вечноста на роденденот на неговата сопруга, втората пејачка на „Нови фосили“, Сања Долежал, а првиот тапанар и поет Слободан Момчиловиќ Мока си замина на роденденот на Дујмиќ, 7 август 1984 година.
Рајко не настапи на прошталната турнеја, а кога ќерката на Сања и Ненад Леа напиша на Фејсбук дека е горда на концертот и дека тато сигурно гледал се од небо и се радувал, сопругата на Дујмиќ, Снежана и се замерила, бидејќи не спомнала други членови на бендот.-
– Мока, Ѓурѓица и Рајко и напиша дека Нено, да беше жив, сигурно немаше да дозволи Рајко да не биде на прошталната турнеја.
– Сања тогаш одговори дека Нено си замина поради мене. Не ми дозволи ниту да и изразам сочувств. Зец ми рече да не доаѓам кај неа. Јас не сум таков човек. Ме боли нечесноста. Да сакав да му се одмаздам на некого, ќе го направев тоа порано. Имаше можности – изјави тогаш Дујмиќ за хрватските медиуми.
Инаку, тапанарот на Нови Фосили, Ненад, сопруго на Сања по чина од мозочен удар и ја остави сања сама со две деца кои се веќе возразни. Таа во меѓувреме стана водителка на кунинарски шоуа, а и понатаму заедно со колегите Зец и Маринко, настапуваат под името „Нови Фосили“.
Првата пејачка на „Нови фосили“ беше Ѓурѓица Барловиќ, која групата ја напуштила во 1983 година.Таа ги испеа хитовите како „Е мој Саша“, „Најдраже моје“ и други, но и таа ненадејно го напушти овој свет.
Ѓурѓица била со синовите на плажата на хрватскиот одстров Паг, а кога ненадејно и се слошило, со траект била префрлена во болницата во Задар, каде што не успеала да се спаси.
„Ѓурѓица Барловиќ беше во добра и стабилна здравствена состојба.
Затоа бев изненаден од нејзиното прерано заминување. На денот кога си замина, верувале или не, сите часовници во мојот стан престанаа, а подоцна ја слушнав тажната вест“, рече Дујмиќ тогаш.
