На социјалната мрежа Твитер кружи снимка на која може да се види момче кое неверојатно личи на легендарниот пејач Тома Здравковиќ.
Имено, на снимката која е направена во некое кафуле, корисникот прво снима фотографија на покојниот Тома, а потоа и момчето кое премногу личи на него.
„Оргинал“ – пишува во описот на видеото.
Со оглед на тоа дека момчето навистина многу личи на Тома Здравковиќ, снимката е вистински хит социјалните мрежи, особено на „Твитер“.
„Ова е реинкарнација на Тома“, „Жив е Тома, не е умрен“, „Ма, ова е хит!“, „Тоа е тоа, имаме нов Тома“, „Што направи филмот „Тома“ – се само некои од коментарите.
Погледнете го видеото:
