Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.
„Светско, а наше“ – барем таков е првиот впечаток на оние кои веќе го погледнаа новиот спот на добро познатата група „Балкан бенд“.
Станува збор за нова песна на момците, а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“ – нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.
Темата беше промовирана вчера, а реакциите барем досега се и повеќе од позитивини. Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.
– Не радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов – велат членовите на бендот.
