Охридската Група Сарај пред само краток период го претставија нивниот најнов проект со Охридски старограски песни кој што е насловен “Охридска приказна”.
-Со голема љубов сакаме да го удостоиме нашиот град Охрид, сите љубители на староградската песна, сите наши слушатели и пријатели насекаде низ светот.-истакнаа неодамна од Група Сарај.
“Ој ти момче охриѓанче”, “Бог да биет Русе”, “Голема Риџа ти чинам”, “Ќе ме грабит Нане”, се само дел од песните кои ги одбраа за овој сплет.
-Станува збор за еден поголем сплет од 10-12 песни, охридски староградски кои се добро познати на јавноста. Преку проектот сакаме да го доловиме тој акустичен мелос, да биде пријатно за уво. Во претходните години токму во овој период имавме многу ангажмани, многу приватни забави и свирки по рестораните во Охрид и пошироко. Во целиот овој период има доста празници и решивме, како од нас за сето време што немаме свирки, да поклониме староградски сплет во кој се надеваме дека ќе уживаат сите љубители на староградска музика.-вели Марко Михајлов, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Проектот беше премиерно претставен на големиот христијански празник Водици, а на нивно големо задоволство истиот беше емитуван во голем број Охридски локали, што беше вистинско уживање за присутните гости.
-Со оглед на песните кои што ги одбравме, добро познати староградски песни, очекуваме дека ќе биде добро прифатен од публиката. Веќе имаме добар фидбек, се надеваме на уште подобро.-изјави Бојан Митрески за естрадниот магазин Естрада плус.
Група Сарај постои од 2013-та година, а се состои од неколку млади и искусни музичари.
Христијан Пазаркоски – Хармоника ∙Петар Паскали – Виолина ∙Марко Михајлов – Гитара ∙Бојан Митрески – Контрабас ∙Димитар Трајаноски – Тарабука.