Ѓоко Дичоски и Гоце Џуклески го најавуваат албумот “Бекрија”

Please follow and like us:
Pin Share

Ѓоко Дичоски и Гоце Џуклески ја најавија новата соработка. Тие го подготвуваат новиот албум на Ѓоко, кој ќе биде насловен “Бекрија”.

Ѓоко Дичоски и маестро Гоце Џуклески во интервју за ИН ТВ ја најавуваат нивната нова соработка. Станува збор за новиот албум на Ѓоко, на кој ќе има десетина новокомпонирани песни, а некои од нив се веќе отпеани на неколку македонски фестивали.

-Подготвуваме ново цд со маестро Гоце Џуклески. Имаме еден добар проект, 8 песни се веќе готови, така да уште една до две песни и ќе го комплетираме.-истакна Ѓоко, за естрадниот магазин.

-Ќе има различен стил на песни, една од нив ќе биде и новата на Ѓоко, Чекај чекај мајко стара, ќе има и помодерни песни со помодерен аранжман, но сепак ќе останат на македонската линија. Убави песни ќе има на албумот, певливи, некои од нив се веќе отпеани на фестивали. Ѓоко со две мои песни настапуваше на Роса Фест, две години со ред и Охридски Трубадури. За песната “Бекрија” ќе следи и спот, песната беше одлично прифатена од публиката, најверојатно и насловот на цд-то ќе биде “Бекрија”.-вели Џуклески за Естрада плус.

Инаку, пред само месец дена Ѓоко го промовираше спотот за песната “Чекај чекај мајко стара”, кој е во соработка со ИН Продукција. Музиката за оваа песна е дело на Гоце Џуклески, текстот го напиша Орце Зафировски, а аранжманот е на Сашо Ливрински.

Please follow and like us:
Pin Share