Познатата фолк пејачка Ирена Спасовска беше дел од снимањето на Новогодишното шоу кое што го организираше Австралиската ИН Телевизија.

Спасовска во интервјуто за ИН ТВ истакна дека после подолго време се чуствува одлично, бидејќи ова шоу и музиката за неа се како мелем на рана во овие тешки мигови кога на музичарите им е забрането да ги остваруваат нивните настапи.
-Морам да кажам дека после подолго време навистина се чувствувам прекрасно бидејќи Нова Година ни е на прагот, а ние некако сме оштетени без песна, без музика, без веселби и баш ми дојде како мелем на рана. Сите колеги сме тука, снимаме, се забавуваме, уживаме бидејќи песната е она што ни треба во овој момент. Оваа ситуација со коронавирусот многу работи ни поремети, така да, забавата многу ми фали. Прекрасна организација, се е како што треба по протокол и тоа е тоа.-вели Ирена, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако според неа 2020-та е најлошата година поради пандемијата на КОВИД-19, таа вели дека во текот на изминатите месеци повеќе се насочила кон творење нова музика, а најавува три нови песни.
-2020-та ќе ја паметам по она по што ќе ја паметат и другите. Ова е најлошата година досега, сега има не дај Боже и полоши работи, но како и да е не беше добра бидејќи имав многу планови за 2020-та, а не излегоа така како што треба. Оваа година иако настапите ни беа скратени, се насочив повеќе на создавање, имам три нови песни и чекам да дојдат подобри времиња да ги промовирам.-додава Спасовска за гледачите на ИН ТВ.
За следната 2021-ва година Ирена има доста планови со музиката надевајќи се дека ова лудило како што вели ќе заврши во најскоро време. Таа во интервјуто за ИН ТВ додава дека сето ова со корона кризата мора да престане за да може да продолжи со работа и нејзините песни да ги закити со официјални видеа.
