Група Чардак важат за едни од најбараните музичари не само во нашата земја, туку и надвор од неа.

Нивната музика секогаш успева да развесели многу лица, но во моментов како и останатите музичари, така и група Чардак не можат да ги остварат нивните вообичаени настапи.
Златко Јолакоски во интервју за ИН ТВ раскажува како за нив помина оваа 2020-та година на музичко поле.
-На музички план не можам да речам дека сме задоволни. Еден мал дел од летото поработивме во нашиот матичен ресторан “Тино” нормално со сите протоколи како што налагаше тогаш ситуацијата дека може да се свири. Сега сме безобразно запрени во тоа затоа што ги почитувавме сите протоколи и можевме да работиме така, но што би можел да кажам, како и за сите така и за нас. Да се надеваме дека 2021-ва ќе биде онака како што знаевме да бидат исполнета со убави моменти, свадби, убави работи, нови промоции, нови песни бидејќи музиката е скапа работа и сака инвестирање во облека, нови песни, сака инвестиција, а ние немаме примања од нигде. Мислам дека е голем успех што успеавме да ги промовираме тие две песни.-вели Јолакоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Група Чардак пред само неколку месеци ја промовираа нивната авторска песна со наслов “Најбогат ќе бев” која засега е одлично прифатена од јавноста. Тие воедно претставија уште една доста стара песна која се пеела за семејни слави, а е насловена “Гости канила Славја кралица”.
