Песната „Глорија“ е третиот официјален сингл и видео запис на една од најдобрите поп-групи, „Црвена јабука“, од нивниот сегашен албум „Тврџава“.

Албумот, објавен пред само два месеци, е еден од најпродаваните домашни албуми, со придонес на хит дуетите „Тврџава“ со актерот и пејач Јосип Пејаковиќ и „Алеjе љубави“ со Жељко Самарџиќ.
Песната „Глорија“ е уште една соработка на бендот со Бојан Жериќ – Зер0, Тој исто така заедно со авторите Мирко Шенковски – Џеронимо и Драган Кајтазовиќ го напиша текстот. Спотот е снимен делумно во Barera bar, во кој доминираат слики од наши легендарни пејачи и спортисти, а делумно на улиците на Загреб. Режија, камера и монтажа се на Здравко Валентин. Црвена јабука е една од ретките групи што оваа година успеаја официјално да го претстават својот нов студиски албум во Загреб и Сараево, а наскоро нивната голема публика ќе биде воодушевена од изданието на винил.
