Британско радио ги забрани песните на Рита Ора

Please follow and like us:
Pin Share

Откако пејачката Рита Ора организираше роденденска журка во ресторан за да го прослави 30. роденден и го прекрши законот во Британија за карантин и јавни собири, Британска радиостаница ги забрани нејзините песни.

„Рита ги прекрши правилата за карантин. Нашиот презентер на утрински вести Бен Кларк не е среќен поради тоа, па вели дека нема да ги пушта нејзините песни во блиска иднина“, стои во објавата на Твитер.

Ни фановите на пејачката не беа среќни што таа среде пандемија решила да се журка со пријателите. Тие јавно ја осудија Рита, а полицијата влезе на забавата, го затвори ресторанот и пејачката ја казни со 10.000 фунти. По ова Рита се извини, но во јавноста не престануваат да ја критикуваат.

Please follow and like us:
Pin Share