Годината ја започна максмиално работно и многу далеку од дома. Фолкеркаата Елена Јовческа добар период од три месеци престојуваше во Америка каде бележеше бројни настапи пред нашинците од оваа дијаспора. За впечатоците како и поминот таму Елена ни открива токму во гостувањето во ИН продукција.
-За Новогодишните празници не бев во Македонија, затоа што бев во Америка. Таму бев осум недели. Пеев во еден од најпознатите ресторани во Америка, ресторанот “Дежа ву”. Престојував осум недели таму и имав три концерти низ Америка, во Чикаго и во Њујорк. Поминав одлично, поздрав до сите кои што се во “Дежа ву” господинот Диме и госпоѓата Светлана кој што се погрижија реално да бидам како принцеза пречекана и до сите мои колеги таму. Сите и пријатели кои што доаѓаа на концертите, истакнува Елена.
Периодов Елена снимаше нов видео запис за нејзината нова песна “Не ме допирај” а за многу краток период најавува снимање и на уште еден нов спот за песната “Ајде бато”. Исто така Елена го најавува и својот нов албум кој ќе биде петти по ред насловен “Машала” на кој ќе се најдат вкупно дванаесет песни.
