Постојат веќе седма година на македонската музичка естрада а бележат и бројни музички настапи но и поголем број реализирани проекти со македонски песни. Групата “Балканика” деновиве реализираше нов музички-видео проект во соработка со ИН продукција во кој се опфатени неколку фестивалски македонски песни, кои се отпеале на нашите познати фестивали. Околу составот и досегашниот опстој на групата зборува Менде, како најстар член на “Балканика”.
-Како еден од најстарите членови во “Балканика”, групата постои веќе седма година. Да ги поздравиме и останатите членови Љупчо Тумбевски на виолина, Боро Стојчевски на клавијатури, Боби Ташкоски ударни инструменти, Димитар Настески на дувачки инструменти. Преферираме исклучиво македонска музика, не дека не свириме и она популарно што доаѓа од соседството и тоа го свириме но предност даваме на македонската народна музика. Ние ги негуваме и народните музички инструменти, често на нашите настапи може да се сретнат кавали, гајди, зурли, тапани, гајди. Акцент даваме на фолклорот, истакнува Менде.
Токму поради негувањето на ваквиот жарн музика, групата “Балкканика” е се повеќе барана низ бројни настапи ширум нашата земја. Како следно најавуваат и создавање на своја авторска песна.
