Даниел баран на повеќе свирки и настапи во гостиварскиот крај

Please follow and like us:
Pin Share

Mладиот Даниел Јовановски  од Гостивар прави успешни чекори во своите музики води. Помеѓу другото бележи и доста настапи во овој крај каде што најповеќе е баран и препознатлив од своите сограѓани.

-Сега во ова помодерно време со групи малку потешко, одиме со аранжеристи. Сајзер и соло пејач. Така сум настапувал во Гостивар, Македонски Брод, и други градови. Две години по ред свирм во Албанија за Нова година,во градот Голем во Драч. Сум поминал фантастично. Таму свириме исклучиво македонска музика, истакнува младиот Даниел.

Неодамна Даниел при неговото гостување во ИН премиерно ја изведе и неговата нова песна “Домот мајко да израдувам” за која наскоро подготвува и видео запис. Посебно за истакнување е тоа што Даниел сака да ја пее и негува македонската народна песна. Тој најавува и снимање на нови авторски песни кои во следниот период би се нашле на едно заедничко ЦД.

Please follow and like us:
Pin Share