Балашевиќ купи луксузна вила во Истра вредна 400.000 евра

Please follow and like us:
Pin Share

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (65) неодамна купи вила во близина на Умаг во Истра.

Таму тој не е сам бидејќи околу неговата вила се уредуваат уште осум идентични други зданија за идните богати сопственици.

Секоја луксузна вила има малку повеќе од 200 квадратни метри и има голем двор со паркинг и гаража за два автомобили. Вилата се состои од огромна дневна соба, четири спални соби со посебни бањи, надворешна и внатрешна кујна, а покрај сето тоа, има и базен од 40 квадратни метри, сауна, џакузи, подно греење…

Балашевиќ ја купил вилата преку фирмата „Балбело“, чиј директор е ќерка му. Тоа го сторил, најверојатно, за да плати помал данок.

Вила со базен каква што купи Балашевиќ чини околу 450.000 евра, но велат дека таа по принципот клуч на рака би можела да биде двојно повеќе.

Please follow and like us:
Pin Share