Туше повторно на кратка австралиска турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

При гостувањето во ИН продукција Благојче Стојаноски Туше имаше шанса да ни открие повеќе околу неговата австралиска турнеја а исто така и за неговите планови во иднина. По мала кратка пауза Благојче се припрема за новите проекти и настапи кои започнуваат после велигденските празници, тој најавува уште една кратка автралиска турнеја во мај месец каде ќе настапи и на неколку приватни забави.

-Мој следни настапи во Аустралија се од 2ри мај до 13 мај, останувам само 10 дена. Имам неколку приватни забави, исто така имам настап за денот на мајката во Шелдон Ресепшн на 12 мај а ден пред тоа на 11 мај пеам на забава за Демир Хисар каде ќе биде приватна забава.

Тој овој пат останува само 10 дена во Австралија каде ќе настапува за денот на мајката но и на неколку приватни забави.Причината за краткото време траење на оваа турнеа е затоа што во истиот тој месец на 18ти мај неговиот колега Ташко Каранфилоски прави свадба на за која што Благојче гордо и со чест изјави дека ќе биде присутен како негов кум.

Please follow and like us:
Pin Share