Зоран Спасов кој и покрај тоа што долги години живее и работи во Швајцарија, сепак на големо ја промовира и негува македонската песна.
Тој во периодов има две нови песни, кои на некој начин ги промовираше неодамна при неговото гостување во дискотеката “Палма” на големиот јубилеј од менаџерот Хари Сековски.
-Едната песна е нова, ремикс направена летоска кога бев во Македонија со Сашко Велков, кај него во неговото студио. Направивме ремикс на “Срно моја”, која што порано ја имав снимено и сега направив еден кавер, сам на своја песна. Мислам дека е интересна снимката и вечерва направивме снимка со вас од кој што и спотот ќе го работам со вас, истакнува Зоран.
Зоран важи за близок соработник со повеќе наши музички имиња. А запрашан во поглед на забавите со македонски пејачи во далечната Швајцарија во која живеат голем број наши македонци, истакнува дека недостигаат се почесто такви забави.