(ВИДЕО) Џеј Ло шокирана: Наседна на трик пред полна маса гости

Please follow and like us:
Pin Share

Нејзината харизма, појава, убавина… пленат кога е на сцената како пејачка, пред камерите како актерка, но и во секојдневието.

Џенифер Лопез е неприкосновена филмска и музичка икона која што и да направи ги воодушевува своите обожаватели, но и најблиските.

Неодамна се славеше Денот на благодарноста во САД, а саканиот на Џеј Ло, спортисот Алекс Родригез заедно со магионичарот Лиор Сухард и приредија необична шега на која таа наседна.

Имено, пред преполната маса гости, магионичарот пред неа изведе трик од која гостите наводно заспаа, а од тоа им паднаа главите на масата. Кога го виде тоа Џенифер остана шокирана, но набрзо сфати дека е само шега.

Како изгледаше моментот, погледнете од видеото кое се најде на профилот на нејзиниот сакан.

Please follow and like us:
Pin Share